Ракомет

„Не потценуваме никого, но веруваме во себе!” – порача Пилиповиќ пред куп- битката!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид повторно ја чувствува онаа препознатлива ракометна енергија што се буди пред големите натпревари. Оваа недела носи куп-возбудување во „Билјанини Извори“, а домашниот тим влегува во дуелот со јасна мисла – да ја одбрани својата ракометна Тврдина и да ја продолжи победничката серија.

Атмосферата околу екипата е полна со самодоверба, но и со чувство за одговорност, а дополнителен импулс дава и новиот голман Кристијан Пилиповиќ, кој пристигна од Кадетен Шафхаузен и веднаш внесе сигурност и смиреност во тимот.

Еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина- Кристијан Пилиповиќ, нагласува дека Охрид има квалитет да доминира ако ја повтори играта од најсилните натпревари оваа сезона и ако сите заедно го дадат максимумот. Тој верува во фаворитската улога, но предупредува дека тоа мора да се докаже со работа, борба и концентрација на теренот.

ФОТО: ГРК Охрид

„Искрено, не би сакал никого да потценам, меѓутоа ако сме ,,вистинските ние” на терен, како во натпреварот со Алкалоид, на пример… и ако сите играме со 100% од себе, мислам дека сме фаворити, но секако тоа мора прво да се покаже на терен.“- изјави голманот на Охриѓани.

Недела во Охрид носи ракометна вечер полна со адреналин – момент кога тимот ќе може повторно да покаже што значи борбен Охрид на свој терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!