Трета лигаФудбал

Победа Валандово пред голем момент – триумф за есенска титула!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Во Валандово владее вистинска фудбалска еуфорија пред последниот есенски домашен натпревар на ФК Победа Валандово, кој ќе се одигра во недела, 16 ноември, од 13:00 часот на Градскиот стадион. Противник е екипата на ФК Карбинци, тим кој оваа сезона покажува солидни партии и моментално се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бодови.

Но, сите очи се вперени кон Победа – единствениот непoразен тим во Трета лига – Исток, кој со фантастични 22 бодови го држи врвот. Тимот од Валандово игра одличен фудбал, покажува стабилност и доминација, а токму ова коло може да ја круниса есенската полусезона со титула.

Победа со евентуален триумф станува есенски шампион, што би бил огромен успех и мотив за продолжение на борбата за влез во повисок ранг. Цена на билет е 100 денари.

Клубот ги повикува сите навивачи, љубители на фудбалот и жители на Валандово да дојдат и да создадат атмосфера каква што само овој град знае.

“Ги повикуваме сите наши сограѓани, навивачи и поддржувачи да дојдат и да создадат вистинска фудбалска атмосфера! Вашата енергија и поддршка се она што нè води напред — вие сте нашиот 12-ти играч! Да покажеме уште еднаш дека Валандово живее за фудбалот”, велат од валандовскиот третолигаш.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!