Ракомет

„Влегуваме максимално мотивирани!” – Савревски најавува жесток Охрид во дуелот од ЕХФ Купот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во недела, ГРК Охрид, повторно ја има честа да игра пред својата публика, кога во салата „Билјанини Извори“ од 18:00 часот ќе ја пречека екипата на Слога Добој во рамки на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани се подготвуваат за дуел кој носи голема тежина, а атмосферата во тимот е јасна – висока мотивација, концентрација и целосна посветеност на секоја акција.

Играчите нагласуваат дека имаат респект кон противникот, но и дека сакаат да наметнат сопствен ритам и да стигнат до победа со што поубедлива разлика пред своите навивачи. Токму домашната поддршка се смета за еден од клучните фактори во вакви натпревари.

Ракометарот на Охрид, Давид Савревски потенцира дека тимот верува во себе и ќе влезе во мечот со јасна цел – дисциплинирана игра, борбеност и максимален напор од првата до последната минута. Тој додава дека охриѓани мора да се прикажат во вистинско светло дома, каде што секогаш се игра со посебна енергија.

„Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концентрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме сè од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број.“ – изјави Савревски.

Значи, во недела, на 16.11., во салата „Билјанини Извори“, од 18:00 часот — Охрид ќе доживее уште една посебна ракометна вечер на моќен европски ракомет и поддршка од полните трибини.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!