Турнири

Демир Хисар повторно во спортски ритам – во тек е пријавувањето за Зимскиот турнир во мал фудбал!

Сподели
Сподели

Во тек се пријавите за едно од најпопуларните спортски случувања во овој период, а тоа е Зимскиот турнир во мал фудбал – Демир Хисар 2025. Турнирот традиционално се одржува во спортската сала „Јордан Пиперката“, а овој пат ветува уште поголема возбуда, квалитетни натпревари и вистинска спортска магија за уживање на публиката, локалното население, но и целиот регион.

Главен покровител на турнирот е градоначалникот на Општина Демир Хисар, што уште еднаш потврдува дека локалната самоуправа силно го поддржува спортот и младите. Организаторите се погрижија за одлична организација и фер-атмосфера, по која Демир Хисар веќе е познат како одличен домаќин на спортски настани.

Победникот ќе освои парична награда од 70.000 до 100.000 денари, а котизацијата за учество изнесува 6.000 денари. Пријавувањето трае до 16 ноември 2025 година, истата вечер ќе биде и ждрепката, додека турнирот започнува на 19 ноември (среда).


📞 За пријави и информации кај Аце на 075/644-747 и кај Јовче на 077/989-478

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан и ќе биде присутна со ексклузивни прилози за овој турнирот кој секогаш ја буди спортската страст во Демир Хисар!


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!