РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 17 години со тест натпревари против врсниците на Русија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Русија. Првиот натпревар е закажан за 14.11.2025 во 13:00 часот, а вториот за 16.11.2025 во 12:00 часот. Натпреварите ќе се одиграат во Турново и Струмица.

Селекторот на Македонија до 17 години, Влатко Колев за двете контролни пресметки против Русија, ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Амин Суљовиќ (Скопје), Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија);

Одбрана: Фадиљ Исламовиќ (Кустошија, Хрватска), Никола Митев (Сасуоло, Италија), Михаил Митровски (Македонија ЃП), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Амер Бајрами (Работнички), Давид Лиотовски (Работнички), Стефан Војчевски (АП Брера Струмица), Филип Цветковски (Вардар), Марко Мирчевски (Охрид);

Среден ред: Гоце Кузмановски (Победа), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Дејан Спасевски (Сасуоло, Италија), Лука Јасмин Георгиев (Вардар), Александар Петровски (Црвена Звезда, Србија), Блерон Буши (Работнички), Кристијан Стојанов (Скопје), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП);

Напад: Алек Чедомирски (Македонија ЃП), Васко Папалиски (Скопје), Ердин Мамути (Работнички), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП);

„Овие пријателски натпревари имаат битно значење за напредокот на нашиот тим и на фудбалерите на кои сметаме. Целта е да ја подобриме конкуренцијата и да работиме на одредени тактички варијанти, со цел да бидеме подготвени за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Очекувам максимална борбеност и посветеност од сите играчи“, изјави предводникот на Македонија до 17 години, Влатко Колев.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!