Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Митрашиновиќ: Верувам дека можеме да ја победиме Данска

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денес попладне го започнува новиот квалификациски циклус со натпревар против селекцијата на Данска. Средбата ќе се одигра од 17 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Селекторот Александар Ашаданов конечно може да смета на комплетен состав. Во екипата се приклучија „Италијанките“ Матеа Никколиќ и Тијана Митрева, а во составот се врати и Ивана Кметовска, исклучително важен играч во концептот на македонската репрезентација. Таа успеа да ги заврши приватните обврски и повторно ќе биде дел од тимот за овој мини-циклус.

По денешниот дуел со Данска, нашите кошаркарки ќе играат и против Грција на 15 ноември (од 18 часот, исто така во „Кале“), а потоа и против Хрватска.

Капитенот Анџелика Митрашиновиќ, лидер на селекцијата и главен мотор на тимот, очекува позитивен старт и верува дека Македонија може да дојде до победа.

„Нормално е дека одиме со очекувања за победи на секој меч. Оптимизмот секогаш ни е на највисоко ниво, така треба и да биде кај секој спортист. Реално, Гркинките се високо рангирани и со нив ќе биде тешко, но со Данска очекуваме еден добар меч во кој ќе напаѓаме триумф“, изјави Митрашиновиќ.

Таа додава дека секоја победа носи голема доза самодоверба, многу важна во период кога репрезентацијата ќе одигра три натпревари за кратко време.

„Ако оствариме една победа, самодовербата ќе ни биде поголема и ќе очекуваме повеќе од себе и од тимот. Верувам дека можеме да ја победиме Данска, особено затоа што нивната најдобра кошаркарка е бремена и нема да настапи. Иако сме подмладени, ако ја споиме младоста со искуството и внесеме позитивна енергија, можеме да извадиме добар резултат“, додаде капитенот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!