Прва лигаФудбал

Работнички со нова тренерска страница – Ердем и Бабунски повеќе не се дел од клубот

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Фудбалскиот клуб Работнички се реши за промени во стручниот штаб по серијата слаби резултати во Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Дебар Маало официјално потврди дека Алпарслан Ердем и Бобан Бабунски си заминуваат од тренерските функции.

„ФК Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски. Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина.“

Оваа одлука доаѓа по низа разочарувачки резултати, по кои „романтичарите“ паднаа во долниот дел од табелата. По 13 одиграни кола, Работнички има само седум бодови, со што се наоѓа на претпоследното место и го очекува тешка борба за опстанок до крајот на сезоната.

Двојката Ердем – Бабунски го презеде тимот со цел да ја стабилизира ситуацијата по заминувањето на Бојан Маркоски, но очекуваниот пресврт не се случи. Работнички нема победа на последните неколку натпревари, а токму тоа беше сигнал за управата дека се потребни нови промени.

Клубот најави дека новиот шеф на стручниот штаб ќе биде назначен во текот на репрезентативната пауза, а дебито ќе го има на тешкото гостување кај Шкендија во Тетово на 23 ноември.

Работнички се наоѓа во деликатна позиција, но во клубот веруваат дека со нова енергија и свеж пристап, екипата може да го избегне најлошото сценарио и да обезбеди опстанок во елитата.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!