Ракомет

Вардар остана без бод по драмата во финишот во Шведска

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Иако имаше напад за реми, Вардар замина со празни раце од гостувањето кај Кристијанштад, губејќи со минимални 32-31 во третото коло од групната фаза во ЕХФ Европската лига. Скопјани беа на чекор од голем резултат, но последниот напад не заврши со погодок, а Мансон во последните секунди донесе победа за шведскиот тим.

Со овој пораз Вардар сега е второпласиран во својата група, зад Кристијанштад, додека Сесвете се искачи на третата позиција по триумфот над Тулуз во Загреб.

Вардарците одиграа два спротивставени дела – бледо прво полувреме и одлично второ. На стартот беа непрецизни и често грешеа во нападот, што домаќините максимално го искористија. Кристијанштад ја контролираше играта и замина на пауза со водство од 14-11, предводен од Мансон, Хегхелм и Френд-Еофорс. „Црвено-црните“ тешко наоѓаа решение, а неколку промашени пенали само ја продлабочија разликата.

Но, вториот дел донесе сосема поинаков Вардар. Тимот проработе во одбраната, нападот доби јасна идеја, а Дмитаро Горига блесна со серија прецизни удари од бековската позиција. Малус и Боно му се приклучија со важни голови и енергија во клучните моменти, па вардарци чекор по чекор ја топеа предноста на домаќините.

Кога резултатот конечно се сврте во корист на гостите, најавата за подвиг беше реална – Вардар поведе со 29-30, а потоа и со 30-31. Сепак, пеналот на Кристијанштад донесе ново израмнување. Во следниот напад Ќосевски не реализираше од крилната позиција, а Мансон ја казни таа грешка и го постави конечниот резултат 32-31.

Дмитро Горига беше најефикасен кај Вардар со 8 гола, Николас Боно и Јака Малус додадоа по 6, а Џуниор Тузолана постигна 3 погодоци. Милош Валах блескаше на голот со 18 одбрани, задржувајќи го тимот во игра до последниот свиреж.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!