Ракомет

Костадиновски: Предноста е на наша страна затоа што играме пред своите навивачи

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Младост од Богданци ја продолжуваат импресивната сезона во Првата ракометна лига, каде што се единствената непоразена екипа со максимални осум победи од осум натпревари. Во сабота, Младост ќе го одигра дербито против директниот конкурент Драчево Јуниор, натпревар кој може да биде клучен чекор кон големата цел — враќање во елитата.

За Спортска Мрежа, своите размислувања пред дербито ги сподели голманот на Младост, Кристијан Костадиновски.

„Секој натпревар го сфаќаме сериозно и со максимален пристап, исто ќе биде и во сабота на натпреварот со Драчево Јуниор. Предноста е на наша страна затоа што играме пред своите навивачи, но како и секој натпревар така и овој со максимален пристап да се радуваме на двата бода.“

Костадиновски истакна дека тимот добро го анализирал противникот и очекува тешко, но возбудливо дерби.

„Да, го анализиравме противникот, имаат добри играчи, дел од нив имаат исто така настапи во Суперлигата, нема да е лесно, но мислам дека со добра игра во одбраната и добра транзиција ќе се радуваме на уште една победа.“

ФОТО: Спортска Мрежа

Младост во текот на сезоната има огромна поддршка од својата публика, а Костадиновски ја очекува истата атмосфера и во сабота.

„Досега имаме огромна поддршка дури и на гостинските натпревари, атмосферата е одлична на домашните натпревари и очекувам уште поголема поддршка во сабота и заедно да се радуваме на уште една победа.“

Младост од Богданци моментално има 16 бодови и ќе се обиде да ја продолжи својата победничка низа пред домашната публика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Брегалница Делчево службено го добива мечот со Тиверија

Натпреварот од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу Тиверија и Брегалница од Делчево нема да се одигра. Тимот од...

Кошарка

Стартува борбата за влез во Супер лигата: Струмица или Бутел?

В недела стартува финалната серија меѓу Струмица и Бутел за влез во Супер лигата, односно за пополнување на последното место од кошаркарката елита...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!