Прва лигаФудбал

Шкендија пресилна за младите „лавови“, Силекс со убедлив триумф над очајниот Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Во рамките на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, фаворитите Шкендија и Силекс на убедлив начин стигнаа до нови победи, потврдувајќи ја својата офанзивна моќ и добра форма во продолжение од шампионатот.

Во Тетово, актуелниот шампион Шкендија ја оправда фаворитската улога и со високи 7:2 ја совлада младата екипа на Македонија Ѓорче Петров. Гостите допатуваа со речиси целосно младински состав, со дури девет фудбалери под 18 години и само двајца интернационалци – Еступињан и Кабаркас.

Домаќините рано го наметнаа темпото и уште во првите минути ја отворија голеадата. Мазари погоди во 8. минута, а осум минути подоцна по асистенција од Рамадани зголеми на 2:0. Ѓорче Петров се врати преку Етеми, кој ја искористи грешката на одбраната и намали на 2:1, но тоа беше сè што успеаја гостите во првиот дел. По неколку пропуштени шанси и одбранет пенал на Адеми, Ибраими во 30. минута му асистираше на Мелиќи за 3:1 на полувреме.

Во продолжението следеше целосна доминација на Шкендија. Мазари во 67. минута постигна хет-трик за 4:1, а само неколку минути подоцна Адеми и Белица ги зголемија бројките. Во финишот Латифи погоди за седмиот гол на тетовци, додека гостите преку Омер Сулејмани во самата завршница само го ублажија поразот за конечни 7:2.

Во Кратово, пак, Силекс одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава и на убедлив начин го победи Шкупи со 5:1, прекинувајќи ја мини-серијата без триумф. Тимот на Силекс уште од првата минута наметна силен ритам, а веќе во 7. минута Алиќ го отвори резултатот. Три минути подоцна Пиреш реализираше за 2:0, а до крајот на првиот дел Алиќ и Мирчевски ја комплетираа доминацијата за високи 4:0 на полувреме.

Во второто полувреме чаирчани преку Рибеиро намалија на 4:1, но Мирчевски со својот втор погодок го постави конечниот резултат 5:1 и ја потврди убедливата победа на кратовци.

Со овие триумфи, Шкендија ја зацврсти својата позиција во врвот на табелата, додека Силекс се врати на победите и ги следи водечките екипи.


Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!