РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Македонија У19 ќе настапи на квалификациски турнир во Португалија – познат списокот на фудбалери

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години од 12 до 18 ноември ќе учествува на квалификациски турнир во Португалија за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Нашата селекција се наоѓа во исклучително тешка група, заедно со домаќинот Португалија, силната Белгија и репрезентацијата на Естонија.

Селекторот Ерхан Селими за настапите во Порто ќе смета на следните фудбалери:

Голмани:
Илоски Давид (АП Брера Струмица), Трајковски Павел (Партизан, Србија), Трајковски Антониј (Работнички)

Одбрана:
Радески Златко (Тетекс), Стојаноски Давид (Браво, Словенија), Аслани Абдулах (Лингби, Данска), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурџески Андреј (Вардар), Цека Назиф (Шкендија), Шаботикј Емир (Вардар), Ристов Игор (АП Брера Струмица)

Среден ред:
Андоновски Каменчо (АП Брера Струмица), Хоти Кренар (Работнички), Локи Ариф (Коге, Данска), Киш Марко (Сесвете, Хрватска), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкупи), Касами Лавдрим (Шкендија), Дамјаноски Ненад (Домжале, Словенија)

Напад:
Али Хисар (Фероникели, Косово), Бранковски Стефан (Марибор, Словенија)

„Групата е многу силна. Португалија и Белгија се фаворити за првите две места кои обезбедуваат пласман во следната фаза. Нашата репрезентација бележи значителен напредок, како на играчки, така и на резултатски план во последниот период, што ни дава право да гледаме со оптимизам. Сепак, сме свесни дека ќе се соочиме со многу силни противници. Не се чувствуваме како аутсајдери и ќе дадеме максимум на натпреварите во Португалија. За жал, поради повреди, отпаднаа Горазд Ристовски и Стефан Младеновски од Црвена Звезда, но тимот останува целосно мотивиран и решен да покаже карактер на теренот“.

Македонија до 19 години турнирот ќе го отвори на 12. ноември против Белгија, три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Португалија, а на 18. ноември играме против Естонија. Најдобрите две репрезентации од секоја група и една најдобро третопласирана селекција, обезбедуваат место во Елитната фаза квалификации за пласман на Европско првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!