Останато

Сребро за машкиот У-21 тим на Македонија во кумите на Балканското карате првенство во Риека

Сподели
ФОТО: Карате федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот машки тим во кумите У-21 освои сребрен медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21, што овој викенд се одржа во Риека, Хрватска. Нашите каратисти имаа одличен настап и со низа победи стигнаа до големото финале, каде што беа поразени од Србија со 1-3.

Патот до финалето беше импресивен – Македонија прво ја совлада Црна Гора со 3-1, потоа ја победи Романија со тесен резултат 3-2, а во полуфиналето убедливо го совлада тимот на Косово со 3-0. Во финалето, и покрај големата борбеност и мотивираност, нашите каратисти не успеаја да го совладаат силниот состав на Србија и се задоволија со заслуженото сребро.

Македонија го заврши Балканското првенство со вкупно 10 медали – 1 златен, 5 сребрени и 4 бронзени, што ја пласира нашата репрезентација на осмото место во вкупниот пласман.

Резултати – Балканско првенство:

Кумите тим У-21 мажи
Македонија – Црна Гора 3-1
Македонија – Романија 3-2
Македонија – Косово 3-0
Финале: Македонија – Србија 1-3

Ката тим кадети и јуниори жени
Македонија – Србија 20,10–22,00
За бронза: Македонија – Грција 20,10–23,90

Кумите тим У-21 жени
Македонија – Србија 0-2
За бронза: Македонија – Црна Гора 0-1

Кумите тим кадети жени
Македонија – Кипар 2-0
Македонија – БиХ 1-2
За бронза: Македонија – Црна Гора 0-2

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!