Ракомет

Астибо во тензичен меч слави голема победа над Спартак!

Сподели
ФОТО: РК Астибо
Сподели

Екипата на Астибо од Штип стигна до значајна победа на гостувањето кај Спартак, славејќи со 24:28 за второ сезонско славје во рамките на 8. коло од Суперлигата.

Првото полувреме донесе израмнета игра, па двете екипи на паузата заминаа со нерешени 12:12. Натпреварот започна со игра гол за гол во обид и на двете екипи резултатски да се одлепат, ниту двете екипи не го направија тоа.

Полувреме донесе тензии кај соблекувалните, а тоа и  подолг прекин до почетокот на вториот дел од натпреварот, останува да видиме како официјално ќе се огласат двете екипи и како ќе реагира РФМ на тоа.

Во вториот дел одново се играше гол за гол, со тоа што домаќинот правеше силен притисок, но Астибо започна да гради разлика кога направи серија од 17:17 на 17:20 односно серија од 0-3. Спартак се обиде да се доближи и стигна до 20:21. Штипскиот тим одново се одлепи на плус два, а во 55. минута дојде до плус пет при 21:26, па во финишот немаше проблем и славеше со 24:28.

Новото засилување Жанет Мутемека доби црвен картон, но тоа не го погоди многу Астибо.

Најдобар стрелец за Астибо беше Ксавиер со десет реалиации, а пак Анчева имаше пет погодоци.

Најпрецизна во редовите на победничкиот тим беше Ксавиер со десет гола, а Анчева додаде пет. Кај Спартак Андовска имаше осум погодоци.

Во следното коло Астибо ќе игра дома со Куманово, а пак Спартак ќе има повеќе од тешко гостување кај Металург Автокоманда, каде ќе биде аутсајдер против големиот фаворит.

Астибо сега има пет бодови и се израмни на петтото место со Куманово, а пак Спартак и натаму останува на дното со два бодови како единствен тим кој нема триумф.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!