Трета лигаФудбал

Борец го доби дербито со Превалец, трите бодови одат во Крушево, Младост славеше над Росоман!

Сподели
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од деветтото коло во Третата македонска фудбалска лига – Југ. Еден натпревар не се одигра — дуелот меѓу Венец и Дреново во Долни Дисан, кој беше одложен и ќе се одигра во нов термин.

Дербито на колото се одигра во Велес, каде минатогодишниот второлигаш Борец со минимални 1:0 славеше над Превалец. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 17. минута, а стрелец беше Теодор Мирчевски.

Екипата на Ултрас забележа убедлива победа од 4:1 на домашен терен над Башкими од Јаболчиште. Двоен стрелец беше Игор Паноски, а по еден гол за домаќините постигнаа Христијан Бараковски и Дарио Наумовски. За гостите, единствен стрелец беше Семир Имеров.

На домашен терен, Росоман беше поразен со 1:3 од Младост од Кривогаштани. Гостите поведоа рано преку Мартин Деркоски во 7. минута, кој подоцна во 66. минута го зголеми водството на 0:2. Во 73. минута Стевче Ангелевски постигна гол за 0:3, а почесниот погодок за домашниот тим го постигна Христијан Атанасов во 88. минута.

Екипата на Бучин на свој терен славеше со 3:1 против Млекар. Андреј Николовски беше двоен стрелец, а во листата на стрелци се запиша и Александар Србиновски. За гостите, единствен погодок постигна Виктор Јовановски.

Во интересен натпревар, Тополка немаше сили за изненадување против фаворитот Питу Гули од Крушево, кој славеше со 2:3. Гостите поведоа со гол на Даниел Нечовски, но домаќините направија пресврт преку Бесник Муртезани и Џенис Томбул за водство од 2:1. Сепак, во вториот дел Соте Волчевски погоди двапати — во 66. и 78. минута — и донесе три бода за гостите.

Во ова коло Влазними Јуниор беше слободен.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БОРЕЦ 1919 АД 9 8 0 1 32 5 +27 24
2 ФК ПРЕВАЛЕЦ 8 6 1 1 31 4 +27 19
3 ФК ПИТУ ГУЛИ 8 6 1 1 23 7 +16 19
4 ФК УЛТРАС 9 5 1 3 30 18 +12 16
5 ФК РОСОМАН-83 8 4 2 2 18 15 +3 14
6 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 8 4 1 3 14 13 +1 13
7 ФК Влазними Јуниор 8 4 1 3 15 16 -1 13
8 ФК МЛАДОСТ 1930 8 3 0 5 13 31 -18 9
9 ФК Бучин 8 2 2 4 9 18 -9 8
10 ФК БАШКИМИ 2008 8 1 3 4 10 12 -2 6
11 ФК ТОПОЛКА 9 1 2 6 6 24 -18 5
12 ФК МЛЕКАР 8 1 1 6 9 24 -15 4
13 ФК ДРЕНОВО 2016 7 0 1 6 6 29 -23 1
14 ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!