Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Боризоска носи победа за Скопје на гостувањето во Струмица, шампионот убедлив, три бода за Истатов!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија Брера - Скопје
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 12. коло во Првата женска фудбалска лига, а голови имаше на сите мечеви.

Во Струмица, дербито меѓу Тиверија Брера и Скопје го реши само еден погодок. Херојка на гостинките беше Ана Боризоска, која во 72. минута погоди за конечни 0-1. Натпреварот понуди шанси на двете страни, но повеќе среќа имаше тимот на Скопје, кој со оваа победа останува во трката со лидерот и актуелен шампион Љуботен.

Минимална победа со ист резултат запиша и Речица, која на гостувањето во Битола ја совлада Топ Гол со 0-1. Решавачкиот погодок го постигна Марија Анческа во самиот финиш на првото полувреме (45’).

ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија Брера – Скопје

Во Каменица, Саса го доби дербито против АС Јунајтед, славејќи со 2-0. По мирното прво полувреме, во вториот дел капитенот Ана Димитровска погоди за водство, а во самиот финиш Тчеури Харуми Гоја ги постави конечните 2-0.

Ист резултат имаше и во Пржино, каде Истатов со 2-0 го совлада Вардар. Домаќинот кој на себе ја имаше фаворитската улога, истата ја оправда со погодоците на Ива Здравевска и Радица Чонева.

ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија Брера – Скопје

Актуелниот шампион Љуботен сосема очекувано славеше убедлива победа од 0-7 на гостувањето кај „фенерџијата“ Кочани. Тимот од Тетово уште еднаш ја потврди доминацијата – двојни стрелци беа Елена Симјанова, Ајури Тераваки и Мариан Огочукву Охадиве, а еден погодок додаде Меланија Гроздановска.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 12 11 1 0 56 5 +51 34
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 12 11 0 1 36 5 +31 33
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 12 8 0 4 23 16 +7 24
4 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 12 7 0 5 35 12 +23 21
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 12 6 2 4 33 16 +17 20
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 12 6 2 4 25 17 +8 20
7 ЖФК РЕЧИЦА 12 3 1 8 19 39 -20 10
8 ЖФК Вардар 2023 12 1 2 9 5 54 -49 5
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 12 1 1 10 7 24 -17 4
10 ЖФК КОЧАНИ 12 1 1 10 7 58 -51 4


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!