Трета лигаФудбал

Вардар Брвеница загуби на домашен терен, Камјани, Напредок и Влазерими до три бода!

Сподели
ФОТО: ФК Скендербеу
Сподели

Денес се комплетираше 8. коло во Третата македонска фудбалска лига – Запад. Колото беше отворено вчера со два натпревари, а денес беа одиграни уште три. Во ова коло, слободна беше екипата на Ренова, откако Зајас се откажа од понатамошното натпреварување.

Вчера во Кичево, Напредок со 2-0 славеше над Љуботен. Стрелци на головите беа Осман Исмаили во 15. минута и Мојсеј Зафировски во 36. минута, за сигурна победа на некогашниот прволигаш.

Во вториот натпревар одигран вчера, Речица и Камјани одиграа вистински трилер со дури седум погодоци, а гостинот славеше со резултат 3-4.

Херој за гостинскиот тим беше Хузри Џемаили со три гола, а еден гол постигна Арлинд Берзати. За домашниот тим стрелци беа Мубарек Шасивари и Адхурим Иљази во првиот дел, а во второто полувреме гол постигна Мухамед Адеми.

Вардар Брвеница загуби на домашен терен од тимот на Џепчишти со резултат од 2:3. Даниел Радески во 6. минута го отвори резултатот, а гостинот преку Шпат Абдии и Ебубекир Азиз во 41. минута имаше 1:2 на полувреме. Во вториот дел Агон Селмани ја зголеми предност на 1:3, а во 89. минута Ивица Костадиноски ги постави конечните 2:3.

Арлинд Бајрами обезбеди три бода за Скендербеу кој славеше со 1:0 над Доброшти на домашен терен во Порој.

Влазерими преку пресврт со 4:2 ја доби Дрита на домашен терен во Кичево. Мефаил Алимани во 5. минута го отвори мечот, а потоа Мирлинд Ибраими и Мурат Адили направија пресврт на 2:1. Во 30. минута Артан Синани погоди за 2:2. До крајот на првиот дел Велезерим Ајдини и Дрилон Зендели ги поставија конечните 4:2.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КАМЈАНИ 7 6 0 1 19 8 +11 18
2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 7 5 1 1 18 11 +7 16
3 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 8 5 0 3 18 10 +8 15
4 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 7 4 1 2 14 9 +5 13
5 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево 7 4 1 2 16 11 +5 13
6 ФК РЕНОВА АД 7 3 1 3 19 18 +1 10
7 ФК ДРИТА 94 8 3 0 5 13 21 -8 9
8 ФК ДОБРОШТИ 8 2 2 4 15 16 -1 8
9 ФК СКЕНДЕРБЕУ 7 2 2 3 7 13 -6 8
10 ФК РЕЧИЦА 7 0 3 4 10 16 -6 3
11 ФК ЉУБОТЕН 7 0 1 6 2 18 -16 1
12 ФК ЗАЈАЗИ 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!