ФудбалФутсал

ФОТО: Проект со убедлива победа од 15 гола над дебитантот Балкан

Сподели
ФОТО: КФМ Проект
Сподели

Екипата на Проект која е значително засилена и ќе води борба за враќање на шампионската титула и излез во Европа на домашен терен со убедливи 15:2 го декласираше дебитантот Балкан.

Домаќинот се покажа во фантастично издание и доминираше во текот на целиот натпревар, а победата беше најавена уште во првиот дел кога на полувреме резултатот беше 6:0.

Наум Блажевски и Марио Благојевски постигнаа по три погодоци, двојни стрелци беа Кристијан Гавровски и Трајче Димитриев, а по еден гол постигнаа Никола Анчевски, Горан Стојанов, Адријан Трајков, Мартин Тодоровски и Димитар Јанев.

ФОТО: КФМ Проект

За гостинот стрелци ба Пајтим Реџепи и Ибрхим Алији, кои стрелаа во второто полувреме.

Во следното коло тимот на Балкан на домашен терен ќе игра против Клими, а пак Проект ќе гостува во Штип кај повратникот во елитата, екипата на Мал Ајакс.

ФОТО: КФМ Проект

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!