Ракомет

Охрид неприкосновен на домашен терен – падна и Пролет!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжуваат со победничката серија — петта по ред, откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Пролет со 30-20 (13-11). Со овој триумф, охриѓани го зацврстија четвртото место на табелата, додека скопјани паднаа на осмата позиција.

Иако првото полувреме беше израмнето, а Пролет неколкупати стигнуваше до резултатска рамнотежа (11-11), вториот дел целосно им припадна на „гладијаторите“. За само неколку минути по одморот, поведоа со 17-12 и до крајот ја одржуваа високата разлика, која во финишот достигна и десет голови.

Гоце Ојлески со осум погодоци беше прв стрелец, Младен Крсманчиќ додаде пет, а голманот Бојан Блажески блескаше со 17 интервенции. Кај гостите се истакна Андреј Стојановски со шест погодоци, а четири постигна Давор Палевски.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!