Ракомет

Томислав Јагуриноски: „Се корегиравме и победивме“ – Охрид со двоцифрена победа над Пролет!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид ја одржаа својата победничка серија и на домашен терен, убедливо го победија тимот на Пролет со 30-20 (13-11). Првото полувреме беше изедначено, но вториот дел „гладијаторите“ го одиграа доминантно и брзо ја зголемија предноста до убедливи десет гола. Со овој триумф, Охрид ја зацврсти позицијата на четвртото место на табелата, додека Пролет падна на осмата позиција, со бод заостанување зад Еурофарм Пелистер 2.

По натпреварот, Томислав Јагуриноски ги сподели своите впечатоци, истакнувајќи дека противникот бил сериозен, а тимот морал да се корегира за конечниот резултат:

,,Се разбира дека денес противникот беше добар, секој противник во македонската лига е добар и не може лесно да се добие. Во првото полувреме ние промашивме, да кажам, доста зицери, имавме технички грешки, па можеби затоа и резултатот беше таков..но во второто полувреме се корегиравме, беше подобро и на крајот натпреварот заврши како што заврши.”- изјави Јагуриноски.

Со оваа победа, Охрид продолжува да ја потврдува формата и да го гради својот пат кон врвот на лигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!