Ракомет

Убедлива победа на Алкалоид: Струга без шанси во Автокоманда

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Денес, во рамки на 10. коло од Супер лигата, се одигра и натпреварот помеѓу екипата на Алкалоид и Струга во Автокоманда, каде Алкалоид ја оправда улогата на фаворит и славеше убедливо против Струга.

Стружани се држеа само во првите десетина минути, но домашниот тим брзо ги искористи нивните грешки и на полувреме имаше предност од 20-13. Во второто полувреме Алкалоид го зголеми водството на 24-13 во првите пет минути, за на крајот да слави со убедливи 44-27.

Исто така, треба да се истакне дека македонскиот репрезентативец Марко Митев се врати на терените по долгата пауза по повредата на лигаментите, постигнувајќи два гола и  две асистенции.

Најдобри стрелци кај победниците беа Ѓорговски со седум и Стојковиќ со шест гола, а кај гостите Маџдуб постигна седум.

Следното коло Алкалоид ќе гостува кај Вардар, додека Струга ќе игра дома против Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!