Ракомет

„Мотив плус да одиграме најдобро што можеме“ – тренерот Кузманоски пред дуелот со Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 10. коло од Суперлигата, ракометарите на РК Бутел Скопје во среда ќе го пречекаат амбициозниот состав на ГРК Охрид во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:00 часот.

Скопскиот клуб е решен да се прикаже во најдобро светло пред своите навивачи и да им се спротивстави на охриѓани, кои сезонава имаат високи цели и сериозно засилен состав.

Тренерот на Бутел, Горан Кузманоски, за Спортска Мрежа, го најави мечот против амбициозниот Охрид. Тој, во пресрет на натпреварот ја истакна почитта кон противникот, но и мотивот на својата екипа:

„Во последните години, Охрид доста вложува и се сериозна екипа. Нивните амбиции се да се борат за титула и Куп, па тоа нам ќе ни претставува мотив плус да одиграме на високо ниво против Охрид.“ – изјави Кузманоски.

Бутелци очекуваат интересен и неизвесен натпревар, во кој домашниот терен би можел да биде нивна дополнителна предност.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а...

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!