Останато

Мери Бошковска: Горда сум што испишавме нова страница во македонската одбојка!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода направи историски успех со пласман во третата рунда од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите. Дебитантот на европската сцена не само што успешно ја мина првата пречка – босанскиот претставник Гацко – туку тоа го направи со две победи со идентични 3:2.

Најсветла точка во двата натпревари беше репрезентативката Мери Бошковска, која беше прогласена за најдобра одбојкарка и на домашниот и на гостинскиот дуел.

По триумфалното враќање во Скопје, екипата на Јанта Волеј се обидува да ги смири емоциите и да се фокусира на претстојните предизвици. Тимот веќе за викендот ќе се врати на обврските во националното првенство, а во продолжението од европската кампања го очекува уште потежок противник.

„Многу ме радува големата победа над Гацко и пласманот во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. Чест ми е што бев прогласена за најкорисен играч на двата натпревари. Иако се работи за индивидуална награда, јас на неа гледам како признание за целиот тим – за нашата борбеност, пожртвуваност и истрајност. Покрај осцилациите и тешките моменти, покажавме карактер и успеавме да испишеме историски успех за македонската женска клупска одбојка,“ изјави Мери Бошковска, лидерот на Јанта Волеј КВ.

Во третата квалификациска рунда, македонскиот првак ќе се соочи со француската екипа Волеро ле Кане, која важи за еден од најсилните клубови со квалитетен ростер и бројни странски засилувања.

„Двомечот со Волеро ле Кане ќе биде голем предизвик за нас. Ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од нас и да уживаме во секој момент на теренот,“ додаде Бошковска.

Првиот натпревар е закажан на 13 ноември во Франција, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Скопје, каде што македонските шампионки ќе имаат шанса да продолжат со својата европска бајка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!