Останато

Ветераните на Борец Велес ја одбранија титулата во второто издание од Лигата на ветерани

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Ветераните на велешки Борец втора година во низа се шампиони во Државната одбојкарска лига на ветерани, односно ја одбранија титулата на завршниот турнир кој викендов се одржа во Тетово. Единствената лига на ветерани во Македонија викендов ја затвори втората сезона.

Во финалето Борец со 2:0 (25:17, 28:26) го победи домаќинот Шкендија и со тоа ја потврди својата доминација втора година во низа во оваа возрасна конкуренција. Бронзениот медал им припадна на ветераните на Тетово, кои со 2:0 (25:13, 25:19) го совладаа составот на Скопје.

По завршувањето на финалето на најдобрите три екипи ОФМ им додели пехари и медали – претседателот Петар Јовановски ги додели одличјата за шампионот, генералниот секретар Филип Деспотовски ги награди финалистите, додека претседателот на ОК Ветерани Струмица, Јани Караманолев, беше задолжен за медалите за третопласираниот тим.

Државното првенство за ветерани во кое учествуваа седум екипи се играше во период од шест месеци (април – октомври 2025) во кое во регуларниот дел од сезоната или лига – системот се одиграа шест кола, секој со секого, каде екипата на Тетово имаше перфектен скор од шест победи во исто толку натпревари.

Четирите најдобри екипи се соочија во полуфиналето на плеј-офот, каде во градското дерби Тетово со 2:1 загуби од Шкендија, додека сега веќе ново-стариот шампион беше подобар од Скопје со 2:0.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го запиша и третиот триумф во новата сезона, откако на домашен терен...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако битолчанки стигнаа до петтата сезонска победа во низа. Во рамките на...

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!