Ракомет

Охрид подготвен за европските предизвици – познати термините со Слога Добој

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

ГРК Охрид ги дозна датумите за двомечот со босанскиот претставник Слога Добој во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот клуб првично предложи двата натпревара да се одиграат на домашен терен, но Слога ја одби понудата, па ќе следат два класични реванш-дуела.

Првиот меч ќе се игра пред охридската публика, во спортскиот центар „Билјанини Извори“, на 16 ноември (недела) со почеток во 18 часот. Реваншот ќе биде шест дена подоцна, на 22 ноември (сабота), во „Арена Градишка“ во Добој, исто така со почеток во 18:00.

Слога во оваа рунда дојде по минимално подобра гол-разлика во двомечот со летонскиот Тенакс Добеле, додека охриѓани лесно се справија со Баку од Азербејџан, славејќи убедливо на двата натпревари. Во првенството на БиХ, тимот од Добој по три кола е на шестата позиција, а во последниот натпревар загуби на гостувањето кај Извиѓач со 33-35.

Охрид влегува во оваа фаза со високи амбиции – целта е да се презими во Европа и да се направи чекор повеќе од минатата сезона. Клубот дополнително го засили ростерот, а најново име е хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ, кој пристигна од Швајцарија. Со засилениот состав и поддршката од публиката, охриѓани ќе влезат како фаворити во двомечот со босанскиот претставник.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот предизвик во Суперлигата против Куманово во гости, меч од 7. коло....

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман во следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник првиот чекор...

Поврзани написи
Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров за Хориха: „Има победнички карактер и секогаш прави сè за неговиот тим да победи“

Македонската ракометна репрезентација доби нова опција во играчкиот кадар пред претстојните квалификациски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!