Трета лигаФудбал

Трите бодови останаа во Брвеница, во луд меч Влазерми мораше да се задоволи со бод!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Денес беше комплетирано 6. коло од Трета лига – Запад со три натпревари, а натпреварот меѓу Зајази и Џепчишти, не се одигра, бидејќи екипата на Зајази како што дознава Спортска Мрежа се откажа од понатамошно натпреварување.

Трите бодови останаа во Брвеница, откако Вардар со 3:0 го доби тимот на Љуботен. Марко Стојковски во 17. минута го отвори резултатот, а во 31. минута Филип Аризанкоски си постигна автогол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Ивица Костадиноски во 76. минута ги постави конечни 3:0 со што Вардар Брвеница забележа висока победа.

Неверојатен натпревар одиграа Скендербеу и Влазерими во Порој, откако натпреварот имаше неверојатен финиш со три гола во судиското надополнување, за поделба на бодовите (2:2).

ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977

Мурат Адили во 79. минута го отвори резултатот за водство на Влазерими, а самиот финиш донесе вистинска резултатска лудост. Арлинд Бајрами во 92. минута израмни на 1:1. Но, само по две минути Иве Трифуновски постигна гол за ново водство на кичевскиот тим од 1:2. Таман кога сите помислија дека тука е се решено, Ќендрим Аљиљи во 95. минута погоди за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Судиската тројка на чело со Дарко Радески и неговите помошници Александар Ѓорѓески и Илчо Пауноски беа на висината на задачата на овој дерби меч, кој имаше луд финиш, а контролор на истиот беше Музафер Исмаили, додека пак делегат Ваљедин Мусли.

Со четири гола, а за поделба на бодовите Речица и Доброшти одиграа 2:2. Агон Хашими во 37. минута погоди за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Речица направи комплетен прескурт преку Емран Матоши во 58. минута и преку Мубарек Шасивари во 72. минута за водство од 2:1. На три минути до крајот Хашими со втор гол ги постави конечните 2:2

Како што веќе објави вчера Спортска Мрежа екипата на Напредок ја декласираше Дрита со 4:0, а пак лидерот Камјани беше пресилен за Ренова со 2:6.

Камјани е лидер со 18 бодови, а на делба на второто место се Напредок и Влазерими со по 13 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Менада испрати две силни пораки: Петровска и Хусеин се засилувања со шампионско искуство!

ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!