Прва лигаФудбал

Трпчевски го доби дербито меѓу Шкендија и Вардар, Ќерими главен во Кратово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 10. коло на Првата лига, а кое се отвара со два натпревари веќе денес.

Башкими на домашен терен ќе игра со Шкупи, а главен судија ќе биде Јован Качевски, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак Александар Василевски ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски, а пак оператор за повторување на снимка ќе биде Петар Мукоски. Делегат ќе биде Кочо Зердески, а контролор Љубе Ристевски.

Тиквеш на домашен терен ќе се соочи со Арсими, а за правдата ќе биде задолжен Александар Грујоски, а негови помошници ќе му бидат Зоран Јанкулоски и Мартин Дејаноски, а пак четврт ќе биде Кирил Смоквоски. ВАР судија ќе биде Влатко Илиоски, а пак АВАР ќе биде Борис Трајков. оператор за повторување на снимка ќе биде Петар Стојановски.

Делегат ќе биде Расим Муминовиќ, а контролор ќе биде Иљир Сеља.

Во сабота два натпревари ќе бидат одиграни. Работнички ќе игра скопско дерби со Македонија ЃП, а правда ќе дели Игор Стојчевски со неговите помошници Гоце Петрески и Даниел Василевски, а четврт ќе биде Доне Ристовски. Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, а оператор за повторување на снимка ќе биде Растко Ѓурѓевиќ.

Делегат ќе биде Марјан Пишмановски, а контролор Благој Шуклев.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра со Брера Струмица, а Ндерим Тефику ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а четврт судија ќе биде Благојче Ралевски. Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, а пак оператор за повторување на снимка е Жарко Пејковски.
Делегат ќе биде Сафет Мифтари, а контролор Зоранчо Илиевски.

Во недела во Кратово ќе се соочат Силекс и Пелистер, а правда ќе дели Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, а Фуркан Идризи ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Игор Стојчевски, а АВАР ќе биде Гоце Петрески. Оператор за повторување на снимка ќе биде Растко Ѓурѓевиќ, делегат ќе биде Тихо Чурлинов, а контролор Душко Милошески.

Колото се затвара во понеделник со дербито меѓу Шкендија и Вардар. За правдата ќе биде задолжен Стојанче Трпчевски, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски. Четврт судија ќе биде Пларент Салихи.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимка ќе биде Деан Стефков.

Делегат ќе биде Митко Бојаџиев, а пак Горан Спиркоски е контролор.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Познати арбитрите за полуфиналето во Европскиот Куп!

ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во кој Охрид ќе се соочи со Целје. Првиот натпревар ќе се...

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги информира своите навивачи за можноста да обезбедат клупски реквизити и да...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!