Втора женска фудбалска лигаФудбал

Спасова ќе им суди на Плачковица и Конзули, Максимова на Борец и Билјанини Извори

Сподели
Сподели

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 6. коло на Втората женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Колото се отвара со натпреварот меѓу Слободен и фаворитот Порече. Главен судија ќе биде Нинослав Нанков, а негови помошници ќе бидат Татјана Ивановска и Ангела Милановска.

Контролор на средбата ќе биде Никола Божиновски, а натпреварот ќе започне во 15 часот.

В недела во Велес екипата на Борец ќе игра со апсолутниот фаворит Билјанини Извори од Охрид. Јована Максимова ќе дели правда, а нејзини помошници ќе бидат Тамара Астарџиева и Теодора Крстевска.

Зоран Стефанов ќе биде контролор на средбата, која ќе стартува во 11 часот.

Колото се затвара со натпреварот меѓу Плачковица и Конзули, каде гостинот од Битола ќе биде голем фаворит. Правдата на овој натпревар ќе ја дели Александра Спасова, а помошници ќе бидат Николче Симонов и Дејан Спасов.

Златко Зафиров ќе биде контролор, а стартот на натпреварот е закажан за 15 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска...

Младински фудбалФудбал

Благој Гегов од Детонит Плачковица успешно го помина првиот модул за UEFA C лиценца!

Фудбалската школа на Детонит Плачковица од Радовиш продолжува да вложува во унапредување...

Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!