ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Историски триумф на Шкендија во Европа – Шелбурн падна во Скопје!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Фудбалската радост вечерва ја обои Тетово во црвено-црно! Македонскиот шампион Шкендија запиша прва историска победа во групната фаза на европско натпреварување, совладувајќи го ирскиот претставник Шелбурн со 1-0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Пред повеќе од три илјади гледачи, избраниците на Јетон Беќири одиграа зрела, трпелива и тактички дисциплинирана партија, наградена со триумф во самиот финиш на натпреварот.

Иако првото полувреме помина без вистински шанси, Шкендија имаше иницијатива и неколку обиди преку Тамба и Ибраими, кои го тестираа голманот Спил. Гостите од Даблин главно се бранеа и ретко ја преминуваа средината, а најопасната акција ја имаа преку Мбенг во 36. минута, кога Гаје сигурно интервенираше.

По паузата, Беќири внесе свежина во тимот со Рамадани и Спахиу, што донесе видлива промена во играта на тетовци. Спахиу веднаш се закани од далечина, а нешто подоцна и Красниќи беше блиску до погодок.

Ирците возвратија во 66. минута кога капитенот Којл ја погоди стативата на голот на Гаје – момент кој можеше целосно да го промени текот на мечот. Но, Шкендија не се предаде.

Во судиското продолжение, по еден изведен корнер од левата страна, Роналдо Вебстер упати удар кон голот, а топката по несреќен обид за расчистување го погоди дефанзивецот Патрик Берет и заврши во сопствената мрежа. Делириум на трибините и историско славје за македонскиот првак – Шкендија 1, Шелбурн 0!

Со овој триумф, Шкендија ги освои првите три бода во групата и испиша ново поглавје во својата европска историја. Тимот од Тетово покажува дека расте од меч во меч и дека Македонија има претставник кој може рамноправно да се носи со клубови од посилните европски лиги.

Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак...

Поврзани написи
Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!