ИнтернационалциФудбал

Беќири: Шкендија атакува на првата победа, но мора да одиграме квалитетно

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Шкендија вечерва од 18:45 часот на арената Тодор Проески ќе го одиграат вториот дуел од главната фаза во Конференциската лига, а прв на домашен терен во историскиот настап во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Противник на Тетовци е тимот од Република Ирска, Шелбурн кој во минатата сезона го освои третото место во националниот шампионат.

“Имавме доволно време да се подготвиме. Во Скопје игравме добро и на тие квалификациски мечеви во Европа. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со една добра и паметна игра да дојдеме до победа. Направивме добра анализа на противникот, не можеш на ова ниво да најдеш слабости кај ниту еден ривал. Мора да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра на поддршка од публиката и да дојдеме до тие три бода”, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!