Трета лигаФудбал

Ударник ги сака трите бодови во Дојран, големо дерби на Малеш и Брегалница Делчево во Берово!

Сподели
ФОТО: Ударник - Рудар
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток во вонреден термин, но од пет предвидени мечеви ќе се одиграат четири.

Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово е одложен и ќе се одигра во нов термин, по барање на екипата од Валандово поради здравствени проблеми со дел од играчите.

Во Пробиштип, Рудар ќе го пречека тимот на Светлост од Зрновци, во меч во кој домашниот тим важи за фаворит, додека гостите ќе ја бараат првата победа оваа сезона. Главен судија ќе биде Панче Пецев од Струмица, а негови помошници Блаже Јанев и Александар Митев, исто така од Струмица.

Дерби ќе се игра во Дојран, каде Дојранско Езеро ќе го пречека Ударник. Домаќинот ќе се обиде да дојде до три бода на свој терен, додека гостите, значително засилени оваа сезона, ќе настојуваат да го продолжат добриот старт. Без разлика што домаќинот е на долниот дел од табелата престижот на вакви натпревари е голем. Натпреварот ќе го суди Тодор Апостолов од Зрновци, а помошници ќе му бидат Петар Михаилов и Дејан Стоиков од Кочани.

Во Берово се игра дербито меѓу Малеш и Брегалница од Делчево, дуел кој секогаш буди големо внимание и привлекува бројна публика, а секогаш кога играат овие две екипи тоа е фудбалски празник. Главен судија ќе биде Блаже Петковски од Миравци, а негови асистенти се Иван Танев и Стефан Митров од Гевгелија.

Во Струмица, Тиверија ќе го пречека тимот на Карбинци. Домаќините ќе се обидат да стигнат до нови бодови пред својата публика, додека гостите ќе настојуваат да ги однесат бодовите дома. Главен судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија, а помошници Кирил Манчев и Славе Станисавовски од Валандово.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!