Ракомет

„Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика“ – најавата на Гарабаја пред дуелот со Магдебург

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

По импресивното издание против шпанскиот првак Барселона, Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите – дуел со германскиот Магдебург, тимот кој минатата сезона беше најдобар во Европа.

Натпреварот го најави тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја. Во пресрет на мечот, тој посочи колку е важна концентрацијата и максималната подготвеност на тимот:

“Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми. Ќе видиме кои играчи се најподготвени за настап, нема да ризикуваме со оние што не се 100% фит. Ќе дадеме максимум со кадарот што го имаме на располагање. Сите знаат каков стил негува ривалот, брз, со опасни контри и лесни голови. Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи.”- изјави тренерот на Пелистерци, Рубен Гарабаја.

Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекува натпреварот, подготвен да покаже ново, силно издание. На теренот ќе излезе мотивиран и подготвен да ги покаже своите најдобри партии, надевајќи се на уште еден впечатлив резултат во Лигата на шампионите. Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре во „Гетек Арена“ со почеток во 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!