КупФудбал

ФОТО: Вардар сигурен против Новаци, обезбеди пласман во четвртфинале на Купот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ФК Вардар, без поголеми проблеми го совлада тимот на Новаци со 3:1 и се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и поведоа во осмата минута со погодокот на Едиз Спахиу. Само десет минути подоцна, Азер Омерагиќ ја зголеми предноста на 2:0.

Домаќините намалија преку Ивановски во 44. минута од пенал, но Вардар го потврди триумфот со голот на Ворен во 79. минута.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа победа, Вардар им се приклучи на Силекс, Струга ТЛ, Работнички, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица и Охрид Лихнидос во четвртфиналната фаза. Последниот патник ќе биде познат на 19 ноември, кога Шкендија ќе го пречека Тиквеш.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!