Ракомет

„Луѓето овде сакаат нешто да создадат, ова е навистина убава приказна“ – Пилиповиќ се приклучи на Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Денес, ГРК Охрид, и официјално доби големо засилување на голманската позиција, откако хрватскиот репрезентативец Кристијан Пилиповиќ потпиша договор со клубот до крајот на тековната сезона. Станува збор за 30-годишен чувар на мрежата со богато меѓународно искуство, кој во Охрид пристигнува по осум сезони поминати во редовите на швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Пилиповиќ, висок 192 сантиметри, во својата кариера настапувал и за Висла Плок од Полска, Нексе од Хрватска и Фиверс од Австрија. Има одиграно официјални натпревари и за сениорската репрезентација на Австрија, а од 2022 година е дел од хрватската национална селекција.

„Барав еден амбициозен проект, да пробам нешто ново, сакав да работам со амбициозни и фанатични луѓе и тоа го препознав во Охрид. Луѓето овде се навистина луди за ракомет, сакаат нешто да направат, нешто да создадат, навистина ова е една многу убава приказна. Бев воодушевен од градот и пристапот на клубот и добрите разговори со спортскиот директор и тренерот, така што одлуката ја направив лесно и верувам во добри резултати и добра иднина,“ изјави Пилиповиќ.

Со овој потег, охридскиот суперлигаш добива искусен и проверен голман кој ќе донесе дополнителна сигурност меѓу стативите и стабилност во одбраната. Ангажманот на Пилиповиќ е уште еден доказ дека ГРК Охрид сериозно ги гради своите амбиции за висок пласман и нови успеси во сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!