Останато

Во сабота ќе се одржи 15. Меѓународен боксерски турнир „Битолски победник“ во салата Боро Чурлевски

Сподели
ФОТО: Facebook opstina bitola
Сподели

Во сабота, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 16 часот, ќе се одржи 15. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Битолски победник“.

На турнирот ќе настапат боксерски екипи од Македонија и од повеќе балкански земји, меѓу кои и битолските шампиони од клубот „Пелистерски Јунак“, носители на златен и сребрен медал од Опен Балкан шампионатот што неодамна се одржа во Пале, Босна и Херцеговина.

Со одржувањето на 15. издание, турнирот „Битолски победник“ го зацврстува своето место како една од најзначајните боксерски манифестации во регионот. Настанот претставува одлична можност за младите таленти да се наметнат на меѓународната сцена и да ги измерaт силите со најдобрите од Балканот. Битола уште еднаш ќе покаже дека е град со спортска традиција и љубов кон боксот и воопшто дека е спортски град. Со новата сала и поддршката од локалната заедница, иднината на битолскиот бокс изгледа светла.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!