Кошарка

Драма во Гевгелија: Тројка на Пурвис со звук на сирената ја донесе победата на Кожув

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Екипата на Кожув се радуваше на својата втора првенствена победа во машката Кошаркарска Суперлига, откако во вистинска драма на домашен терен успеа да го совлада тимот на Гостивар со минимални 73-72.

Натпреварот беше возбудлив и израмнет, со постојани промени на водството, но во најголемиот дел гостите од Гостивар ја имаа контролата и резултатска предност. Сепак, не успеаја да ја задржат до крај.

На само три секунди пред крајот, при резултат 70-71, Карахоџиќ реализира едно од двете слободни фрлања за 70-72 во корист на гостите. Кога сите помислија дека Гостивар ќе замине со победа, на сцена стапи Пурвис, кој со тројка со звукот на сирената му ја донесе големата радост на Кожув и публиката во салата – 73-72.

Кај домашниот тим најефикасен беше Декариј Николас со 19 поени, 7 скока и 4 асистенции, а одличен настап имаше и Илија Колев со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.

Во редовите на Гостивар, се истакна Глен Абрам со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции, додека Карахоџиќ заврши со 20 поени, 8 скока и 1 асистенција.

Со овој триумф, Кожув запиша втора победа во сезоната, додека Гостивар мора ќе бара шанса за поправен впечаток во следното коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!