Ракомет

ТАБЕЛА: Вардар има максимален број бодови, Охрид е на 4. место, Радовиш на дното без бодови!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По осум одиграни кола во ракометната Суперлига нема некои значителни промени. На врвот и натаму останува Вардар со максимален број на бодови на своето конто, односно двократниот европски шампион има 16 бодови или осум од осум. На второто место следува Алкалоид со 14 бодови, а потоа доаѓа шампионот Еурофарм Пелистер со 13 бодови.

По 11 бодови имаат Охрид и Бутел, додека пак Пролет е на шестата позиција со седум бодови. Овие позиции всушност водат и кон плеј-оф сегментот каде се разигрува за титула и излез во Европа. На делба на седмата позиција се Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп со по шест бодови, Струга е пласирана на десеттата позиција со четири бодови.

Куманово е претпоследен со два бодови на своето конто, а на самото дно без ниту еден освоен бод и натаму останува Радовиш.

Суперлига  (8 коло)

Поз. Тим Нат. Пос. При. Раз. Бод. Форма
1 Вардар 1961 8 270 202 +68 16 🟩🟩🟩🟩🟩
2 Алкалоид 8 259 189 +70 14 🟩🟩🟩🟩🟩
3 Еурофарм Пелистер 8 268 211 +57 13 🟩🟩🟩🟩🟥
4 Охрид 8 240 182 +58 11 🟩🟥🟩🟩🟥
5 Бутел Скопје 8 226 217 +9 11 🟩🟨🟩🟩🟩
6 Тинекс Пролет Скопје 8 195 213 -18 7 🟥🟥🟨🟩🟥
7 Тиквеш 8 192 196 -4 6 🟩🟥🟩🟥🟥
8 Еурофарм Пелистер 2 8 202 233 -31 6 🟩🟩🟥🟥🟥
9 Прилеп 8 222 278 -56 6 🟩🟥🟥🟥🟥
10 Струга 8 195 262 -67 4 🟥🟩🟩🟥🟥
11 Куманово 8 211 239 -28 2 🟥🟥🟥🟥🟥
12 Радовиш 8 197 255 -58 0 🟥🟥🟥🟥🟥

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!