Втора лигаФудбал

ФОТО: ФК Новаци ги промовираше новите дресови – „Нови дресови, нова сезона и иста цел – победи“

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци за продолжението од сезоната ги претстави новите дресови кои се жолто-зелена комбинација со главниот спонзор Евротип.

Новаци доби комплетно нова раководна структура по влезот на Евротип за главен спонзор на клубот, а тоа се потврдува и со одличните резултати по осум одиграни кола во Втората лига.

Дефинитивно, амбициите на Новаци ќе бидат повисоки и клубот има долгорочен план за како да го менаџира клубот со поставени високи цели.

„Нови дресови, нова сезона и иста цел – победи! Горди сме што Евротип, заедно со „Mint Fintech Group“, „Gold Felicia“ и „Gold Slot Club“, стои зад поддршката на ФК Новаци. Заедно го движиме спортот напред“, велат од Евротип.

Екипата на Новаци по осум кола е на делба на седмото место со Осогово и Кожуф со по 13 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!