Останато

Лина Ѓорческа ја елиминира четвртата носителка и избори пласман во второто коло во Роверето

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на турнирите од ВТА серијата. На турнирот во Роверето, Италија (со награден фонд од 115.000 долари), Ѓорческа во првото коло запиша голема победа против домашната претставничка и четврта носителка, Нуриа Бранкачо.

Нашата најдобра тенисерка славеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) по 76 минути игра, обезбедувајќи место во второто коло на овој престижен турнир.

Бранкачо, која моментално се наоѓа на 151. позиција на ВТА листата – што е нејзин најдобар пласман во кариерата – не успеа да ја запре сигурната и агресивна игра на Ѓорческа.

Во првиот сет, Лина прва направи брејк и поведе со 4:2, но Италијанката веднаш возврати. Сепак, во десетиот гем Ѓорческа повторно направи брејк и го затвори сетот со 6:4.
Во вториот сет нашата тенисерка доминираше со два брејка и поведе со 5:1, по што Бранкачо успеа само да намали, пред Лина сигурно да го заврши мечот со 6:3.

Со овој триумф Ѓорческа обезбеди пласман во второто коло, каде во среда ќе се сретне со Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која ја совлада својата сонародничка Ангела Фита Болуда со 2-0 во сетови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!