Ракомет

Охрид во првиот шешир на ЕХФ Европскиот Куп – полесни ривали на патот кон третото коло!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Европската ракометна федерација ја објави поделбата на шешири пред ждрепката за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник Охрид и понатаму ќе биде во првиот шешир, што му обезбедува поволна стартна позиција.

Во првиот шешир, покрај Охрид, се и Карвина, Олимпијакос, Војводина, Рунар Сандефјорд, Бузау, Тримо Требње, Извиѓач, Татабања, Дукла Прага, БК-46, Бешикташ, Фиверс Маргаретен, Брно, Сасари и Бурса.

Од другата страна, во вториот шешир, се наоѓаат екипи како Сур Арау, Полва Сервити, Диферданж, Целје, Коњух, Касано Мањано, Тирол, Макаби Тел Авив, Берхем, Будванска Ривиера, Свиеса, грчката Драма, Дуделанж, ПАОК, Слога Добој и Балатонфуреди.

Охрид можеби ќе се сретне со ривали од полесниот профил, како Слога Добој, Коњух или екипи од Луксембург и Литванија.

Ждрепката за третото коло е закажана утре во 11:00 часот во Виена и ќе го одреди патот на тимовите до следните натпревари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари, на кои гостинските екипи Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа важни...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари,...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина,...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!