Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе му судат на европскиот гигант Барселона!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација го објави списокот на официјални лица за шестото коло во Лигата на шампионите, а меѓу нив повторно се најдоа и македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Нашиот судиски двоец ќе ја дели правдата на престижниот дуел меѓу Висла Плоцк и најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето — Барселона. Делегат на натпреварот ќе биде Чехот- Јири Конечни.

Средбата ќе се одигра на 23 октомври, во прочуената „Орлен Арена“ во Полска, со почеток во 20:45 часот.

Ова ќе биде уште едно големо признание за македонското судиско дуо, кое со својата конзистентност и професионализам сѐ почесто добива доверба за најатрактивните натпревари во елитната Лига на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот...

Поврзани написи
Ракомет

РФМ одржа состанок со ракометните судии од Скопје, во фокус реактивирањето на Скопскиот судиски збор

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа состанок со...

Ракомет

Вардар блесна среде Франција: „Црвено-црните“ го надиграа Нант и стигнаа до првата победа во ЛШ!

Ракометарите на Вардар 1961 приредија вистинска сензација на гостувањето во Франција, совладувајќи...

Ракомет

Митревски и Тодоровски повторно дел од европската ракометна сцена, ќе судат дуел на Порто и Веспрем!

Македонското ракометно судење ќе има свои претставници на уште еден натпревар од...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, Лазаров повика 35 ракометари!

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!