Ракомет

Големата Барселона во Битола – турски судии на мегданот!

Сподели
ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Сподели

Европската ракометна федерација ги назначи официјалните судии за петтото коло од Лигата на шампионите, а вниманието е насочено кон дуелот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со каталонскиот великан Барселона.

По претходните гостувања во Скопје и дуелите со Вардар и Металург, Барселона за првпат ќе гостува во Битола, а средбата ќе ја водат турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат на натпреварот ќе биде Италијанецот Марко Тоси Бранди.

Мечот помеѓу овие две европски екипи е закажан за вечерва, со почеток во 20:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде што битолчани ќе имаат шанса да уживаат во моќен ракомет одблизу и да ги поддржат своите фаворити на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!