МагазинСМ Поткаст

Спортска Мрежа со директорката на СРЦ „25 Мај“ Лолита Арсова: Реконструкција на подот и трибините!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во новото издание на Спортска Мрежа Podcast гостуваше директорката на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, Лолита Арсова со која зборувавме за реконструкцијата која ќе следи на подот и трибините во овој спортски храм.

Спортската сала во Радовиш била пуштена во употреба во далечната 1986 година, а со реконсткруцијата оваа спортска убавица ќе добие вистински сјај. Овој спортски храм располага со многу простории, таму се сместени пинг понг клубот Радовиш кој настапува во Суперлигата, маи таи кикбокс клуб, голема теретана, која ќе добие уште поголем простор за уште подобри услови, всушност ова е една од најстарите теретани во Македонија, која постои 40 години.

На трибините сегашните столчиња ќе бидат заменети со нови фиксни столчиња со што капацитетот во големата сала ќе биде над 2.000 гледачи.

Погледнете го целиот разговор со директорката Лолита Арсова, која дава одговор на многу прашања поврзани со СРЦ „25 Мај“ и што всушност ќе се реконстуира, за следни проекти со цел многу подобри услови за сите.

  • СПОРТСКА МРЕЖА PODCAST СО ЛОЛИТА АРСОВА, ДИРЕКТОРКА НА СРЦ „25 МАЈ“:

Спортската сала во Радовиш е вистински спортски храм кој е пуштен во употреба во 1986 година, со вкупна површина од 3,968 м2. Самиот комплекс располага со голема сала со големина од 1.126 м2 и мала сала со површина од 400 м2 и капацитет од 160 гледачи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
МагазинРакомет

На полувреме со… Дејан Кукуловски-левиот бек на Охридската ракометна Тврдина

Во рубриката „На полувреме со…“ го претставуваме тимот на Охрид во нивната...

МагазинРакомет

На полувреме со… Даниел Ѓорѓески- еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина!

Во рубриката „На полувреме со…“ ги поставуваме најзабавните и најопуштените прашања на...

ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | „Верувам во мојот тим и во нашиот квалитет“- Борис Ројевиќ пред дуелот со Добој

Ракометната еуфорија во Охрид не стивнува. По маестралната победа над Алкалоид (28:24)...

МагазинОстанатоФудбал

Масар Омерагиќ и Диме Попоски – средба на старите спортски фудбалски легенди

Во пријателска средба во Скопје, претседателот на фудбалскиот сојуз (ФС) на Охрид,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!