Втора лигаФудбал

Осогово им оддаде признание на Тренчев и Јованоски за 100 настапи во клубот

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Пред почетокот на денешниот натпревар од 8. коло на Втората лига против Беласица, Осогово од Кочани организираше мала свеченост во чест на двајца свои верни играчи – Стојанче Тренчев и Ѓорѓи Јованоски, кои неодамна стигнаа до бројката од 100 официјални настапи во жолто-синиот дрес.

Двајцата фудбалери добија врамени фотографии со бројот 100 и пригодни подароци од управата на клубот, како симбол на благодарност за нивната лојалност и придонес во тимот.

Тренчев, 21-годишниот фудбалер кој целата своја кариера ја поминува во Осогово, и голманот Јованоски, кој го има неговиот втор престој во Кочани и го брани голот на „жетварите“, се дел од најстандардните фудбалери во кочанскиот состав.

Со ова признание, Осогово уште еднаш покажа дека ги цени фудбалерите кои со срце и посветеност ги бранат боите на клубот, додека атмосферата пред дербито со Беласица беше исполнета со емоции и аплаузи од навивачите на стадионот во Кочани.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтервјуИнтернационалциМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | Танев: „Без пораз станавме шампиони, но поголем предизвик е да се води клуб отколку да се игра“

Ристо Танев, поранешен фудбалер и денес генерален директор на грчкиот клуб АЕП Поликастро, зад себе има шампионска сезона со својот тим. Легенда на...

Прва лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Шкендија, Марјан Стојановски на центарот во Ѓорче

Денес со два натпревари се отвара 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите натпревари делегирани се и судиите кои ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Шкендија, Марјан Стојановски на центарот во Ѓорче

Денес со два натпревари се отвара 30. коло на Првата македонска фудбалска...

КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!