Втора лигаФудбал

Бафто ќе им суди на Тетекс и Шкендија Арачиново, Ристовски главен во Штип, Смоквоски оди во Гевгелија!

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави официјалните делегации на судиите и контролорите за натпреварите од 8. коло во Втората лига, кои ќе се играат утре со почеток во 15:00 часот, освен дуелот во Штип кој е закажан за 18:00 часот.

На дербито во Тетово помеѓу Тетекс и Шкендија Арачиново, главен судија ќе биде Бафто Фатмир, а ќе му помагаат Бакрачески Рамзе и Јанкуловски Зоран. Четврти судија е Левески Димитар, додека делегат на натпреварот е Будимов Цане, а контролор Карајанов Ѓорѓи.

Во Кочани, каде што се среќаваат Осогово и Беласица, средбата ќе ја води Трпчевски Стојанче со помошниците Видиниќ Дарко и Иваноски Бојан. Четврти судија е Младеновски Марјан, делегат Наумчески Диме, а контролор Спиркоски Горан.

На дуелот во Прилеп меѓу Победа и Слога Виница, главен судија ќе биде Ристов Ангелчо, со асистентите Дупкаров Ване и Данилов Ване. Четврти судија е Гелов Ангел, делегат Бектеши Илир, а контролор Ецкоски Марјан.

Во Гевгелија, каде Кожуф ќе ја пречека Детонит Плачковица, суди Смоквоски Кирил, со помош од Конески Дино и Здравески Димитар. Четврти судија е Ѓорѓиевски Владимир, делегат Тодоровски Благојче, а контролор Емурли Иса.


Натпреварот во Неготино меѓу Вардар Неготино и Големо Коњари ќе го суди Јовановски Јордан, со асистенција од Танев Иван и Манчев Петар. Четврти судија е Петковски Блаже, делегат Исмаили Харун, а контролор Мишкоски Раско.

Nовaци 2005 ќе биде домаќин на Охрид Лихнидос, главен судија е Василевски Александар, со помошници Стојановски Стефан и Абдули Бесар. Четврти судија е Тодоровски Ненад, делегат Мицановски Никола, а контролор Ристовски Драган.

Во Македонска Каменица, натпреварот меѓу Каменица Саса и Преспа ќе го води Лековски Дени, а ќе му помагаат Василевски Дарко и Дрнковски Николче. Четврти судија е Котевски Дарко, делегат Игнатов Павле, додека контролор ќе биде Јакимовски Делчо.


Дербито на колото под рефлектори ќе се игра во Штип, каде Брегалница го пречекува Скопје. Главен судија е Ристовски Доне, помошници Ицев Тоше и Дишлиевски Давор, четврти судија Костовски Здравко, делегат Митев Александар, а контролор Манојлоски Бранко.

Сите натпревари ветуваат интересни дуели, а ФФМ се надева на фер и спортска атмосфера со квалитетно судење.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!