Останато

Лука Ананиев во финале, уште пет Македонци во борба за медали!

Сподели
ФОТО: Боречка федерација на Македонија
Сподели

Штипјанецот Лука Ананиев блеска на меѓународната сцена и уште еднаш потврди дека е еден од најголемите млади таленти во македонското борење. По серија импресивни настапи и три убедливи победи над претставници од Косово, Молдавија и Турција, Ананиев обезбеди место во големото финале на престижниот меѓународен турнир.

Финалната борба е закажана за денеска во 16:00 часот, а негов противник ќе биде турскиот натпреварувач Буџра Елдемир. За Ананиев ова финале претставува голема шанса да го потврди својот талент и да донесе уште еден голем успех за македонското борење.

Покрај Лука, уште петмина македонски репрезентативци ќе имаат можност да се изборат за медали. Кристијан Атанасов, Мираџ Мустафа, Даријан Павлев, Христијан Димитриев и Викторија Ѓурова успеаја да стигнат до полуфиналните борби, но по тесни порази ќе се борат за бронзени одличја.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!