КупФудбал

Левески ќе им суди на Ас Јунајтед и Истатов, Ристов ќе дели правда во Радовиш, Гелов патува во Битола!

Сподели
Сподели

Денес се играат натпреварите од осминафиналето од женскиот Куп на Македонија, а познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Второлигашот Конзули на домашен терен ќе се соочи со Љуботен, во меч каде шампионот на Македонија е апсолутен фаворит.

Правдата ќе ја дели Бенарт Зеќики од Кичево, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска од Битола и Осман Зеќири од Кичево. Контролор ќе биде Жарко Димески од Прилеп.

Во Радовиш ќе се одигра натпреварот меѓу Плачковица и Порече од Македонски Брод, дуел на два второлигаши. Ангелчо Ристов од Неготино ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров од Неготино и Тоше Ицев од Кавадарци.

Контролор на средбата ќе биде Васил Аџиев од Валандово.

Прволигашот Тиверија како апсолутен фаворит ќе патува во Велес каде ќе игра против второлигашот Борец. Ангела Рајчевска од Скопје ќе дели правда, а асистенти ќе бидат Дејан Димитријевиќ и Филип Николов од Скопје.

Контролор на средбата ќе биде велешанецот Горан Манасиев.


Во Битола ќе се соочат прволигашите Топ Гол и Речица, каде Ангел Гелов од Кавадарци ќе дели правда со неговите помошници Давор Дишлиевски и Душко Панов, исто така од Кавадарци, а пак Горан Ангелески од Прилеп ќе биде контролор.

Во Пржино каде ќе играат прволигашите Скопје и Вардар главен судија ќе биде Борче Павловиќ од Скопје, а негови помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје, а контролор ќе биде Златко Неделкоски од Скопје.

Димитар Левески од Охрид ќе биде главен судија на најнеизвесниот меч во Купот меѓу Ас Јунајтед и Истатов во Струга. Помошници ќе бидат Стефан Петрушевски од Охриди Николче Николовски од Ресен.

Контролор на средбата ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид.

Второлигашот Билјанини Извори дома ќе игра против прволигаш Кочани, а за правдата во Охрид ќе се погрижи Јован Анѓелкоски од Струга и неговите помошници Марио Мојсоски и Бетиме Адеми, исто така од Струга.

Пеце Карапалевски од село Волкодери, Ресен ќе биде контролор.


Каменица Саса на домашен терен ќе го пречека второлигашот Слободен, каде Александра Спасова од село Мустафино, Свети Николе ќе биде главен судија со Татјана Ивановска од Куманово и Снежана Илиевска од Македонска Каменица како помошници.

Винко Смокварски од беровското село Будинарци ќе биде контролор.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!