Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во второто коло на турнирот во Турција

Сподели
ФОТО: Тениска Федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине втората рунда на силниот ВТА W125 турнир кој неделава се одржува во Самсун, Турција. Нашата претставничка денеска беше поразена од Белгијката Софија Костулас со 2:0 во сетови (6:1, 6:4), во меч кој траеше час и 21 минута.

Костулас, која се наоѓа на 165. место на ВТА листата и е осма носителка на турнирот, ја оправда фаворитската улога. Во првиот сет белгиската тенисерка рано направи два брејка и го доби со убедливи 6:1. Вториот сет беше нешто поизрамнет, но Костулас со раниот брејк за водство од 2:1 успеа да ја задржи предноста до самиот крај и да го затвори мечот во своја корист.

И покрај поразот, Ѓорческа ќе запише позитивен настап – со пласманот во второто коло освои 15 ВТА поени, како и парична награда во износ од 2.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва...

Останато

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот

На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!