РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Белгија и Казахстан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската А репрезентацијата на Македонија влегува во решавачката фаза од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Овој месец ја очекуваат два исклучително важни натпревари – најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и пресметката со Казахстан во Скопје. Овие дуели ќе бидат клучни за позицијата на Македонија пред ноемвриската завршница на циклусот.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот од 26 фудбалери, без големи изненадувања. Поради повреда отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека нов повратник во националниот тим е Давид Бабунски, кој игра за Вардар.

Список на повикани фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија).

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија).

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија).

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски (без клуб), Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија).

Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Македонија прво ќе игра против репрезентацијата на Белгија на 10 октомври во Гент, а три дена подоцна, на 13 октомври, ќе го пречека Казахстан во Скопје.

Во моментов, Македонија е лидер на табелата со 11 освоени бода – еден повеќе од Белгија и Велс, што дополнително ја зголемува важноста на претстојните натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!