Ракомет

Лигата на шампиони во ракомет пред голема промена – нов формат со 24 екипи

Сподели
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) е пред одлука со која значително ќе се смени изгледот на Лигата на шампиони во машка конкуренција. Според најавите, од следната сезона натпреварувањето ќе биде проширено од сегашните 16 на 24 екипи, што ќе донесе нов систем на натпреварување, но без да се зголеми бројот на натпревари во календарот.

Во првата фаза, 24-те клуба ќе бидат поделени во четири групи со по шест екипи. Првите три места од секоја група ќе обезбедат пласман во т.н. Главна рунда – нова фаза во која ќе се формираат две групи со по шест екипи. Таму ќе продолжат дванаесетте најдобри, а бодовите од групната фаза ќе се пренесат. Четвртопласираните екипи од групите ќе го продолжат настапот во ЕХФ Европската лига.

Од Главната рунда, првите четири екипи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, кое претставува вовед во нокаут делот. Победниците од четвртфиналните дуели ќе обезбедат место на традиционалниот Фајналфор турнир, кој останува во истиот формат.

Со овој систем, екипите ќе одиграат по 10 натпревари во првата фаза, уште шест во втората, плус четвртфинале и можен настап на завршниот турнир, што значи дека вкупниот број на мечеви нема да биде значително зголемен. Според ЕХФ, ова е начин да се даде шанса на повеќе клубови и земји да бидат дел од елитата, без да се наруши рамнотежата во календарот.

Конечната одлука треба да ја донесе Извршниот одбор на ЕХФ во периодот што следува, а блиски извори до федерацијата на некои реномирани ракометни портали велат дека овој модел има големи шанси да стане реалност.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

Ракомет

Загреб без милост кон Египет, втор триумф на „Крсте Андоновски“ и чекор поблиску до полуфинале

Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот...

Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!