Ракомет

ВИДЕО: Чаир приреди сензација и го победи шампионот Ѓорче Петров

Сподели
Сподели

Ракометарките на Чаир конечно се израдуваа на победа против актуелниот шампион Ѓорче Петров, славејќи со 28-26 на гостински терен, во меч од 3. коло на Суперлигата.

Иако настапија во густ ритам и со обврски во Европа, избраничките на Басри Љатифи покажаа борбеност и ја прекинаа црната серија против „лавиците“. Натпреварот беше неизвесен од почеток до крај, а пресудна беше завршницата во која гостинките имаа повеќе мирнотија и концентрација.

Чаирки во второто полувреме стигнаа и до водство од три гола, но домаќинот успеа да израмни во последните минути. Сепак, Николовска и нејзините соиграчки не дозволија пресврт и со прецизни удари ја запечатија големата победа.

Најефикасна во редовите на Чаир беше Николовска, додека солидна поддршка доби од Фиоре и Амар. Кај Ѓорче Петров, Ризоска беше најрасположена со шест погодоци.

Овој триумф за Чаир е повеќе од важен – носи голема самодоверба и најавува дека шампионатот ќе биде многу поинтересен од очекуваното.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Поврзани написи
Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во...

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!